11 јули, 2020

Тијана Ѓуриќиќ пред неколку години предизвика огромно внимание од медиумите, како и нималку ласкави епитети “хорор старлета” или “кралица на силиконите”.

Нејзината популарност ескалираше во 2015 година кога учествуваше во ријалити шоуто “Фарма”, каде што константно влегуваше во расправии со Кристијан Голубовиќ, но тие двајца најпосле ги подобрија односите.

После тоа Тијана се повлекла од медиумите, а сега повторно се нашла во скандал за кој сите зборуваат.

Имено, нејзиниот автомобил вреден 5 илјади евра е запален од непознати сторители пред нејзината зграда.

– Точно е дека автомобилот ми е запален. Полицијата работи на расветлување на случајот. Кога се случило ова јас не бев дома, но итно се вратив од пат. Не знам кој би можел тоа да го направи. Со никого не сум скарана. Ова страшно ме потресе, но се надевам дека полицијата ќе ги пронајде сторителите- изјавила таа.

Тијана пред некое време извадила дел од силиконите и се вратила на многу поприроден изглед.

Остави коментар

Почетна // Sun Story // Ја нарекуваа хорор старлета: денеска изгледа сосема поразлично, но повторно е вмешана во скандал!
Горе