Ја објавија и првата заедничка фотографија :„Чекав цела вечност за да те пронајдам“

30 јули, 20200
srerer

Машин Ган Кели и Меган Фокс за прв пат објавија заедничка фотографија на социјалните медиуми. Раперот на својот Инстаграм објави селфи во кое позира со својата девојка, а за кратко време доби над милион лајкови.


„Чекав цела вечност да те најдам повторно“, напиша тој во описот на црно-белата фотографија. Гласините за нивната врска започнаа во мај оваа година, кога Брајан Остин Грин потврди дека тој и Меган се разведуваат по 10 години брак.


Пријателите на Меган за медиумите изјавиле дека актерката е пресреќна во нејзината нова врска, но тие не откриле премногу детали. Таа сè уште не го запознала со децата што ги има со Брајан Остин Грин, а нејзините пријатели истакнуваат дека е претпазлива за сè, бидејќи не сака да ги збуни децата со сето она што се случува последниве недели.

На Брајан Остин Грин му беше тешко да прифати развод од Меган Фокс, но тој исто така најде нова љубов. Тој неодамна ја потврди врската со австралиската манекенка Тина Луиз, со која во неколку наврати беше фатен од папараците на датум во Лос Анџелес.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi