ЈА ПОСЕТУВА ЕДНАШ НЕДЕЛНО: Шајло наоѓа утеха кај Џенифер Анистон!

27 ноември, 2020
profimedia-0468836535

Дома е хаотично

Дека на семејството Џоли-Пит никогаш не му било здодевно, докажано е со години во бројни написи во медиумите. Разводната парница меѓу поранешните сопружници Анџелина и Бред трае веќе четири години, што предизвика голема напнатост во ова семејство. Една од причините за ова е секако Џенифер Анистон, поранешната сопруга на Бред, за чија врска се зборува се повеќе оваа година.

И покрај напишаното за нивното помирување, поранешните сопружници сè уште не потврдија ништо. Во еден момент дури беше напишано и за можно повторно венчавање. Во секој случај, она што го посочуваат американските медиуми е фактот дека Џенифер има одлична врска со ќерката на Бред, Шајло. Според списанието „New Idea“, нивната врска се искачи на ново ниво затоа што – Шајло оди еднаш неделно кај Џенифер да се дружат.

Според извор близок до семејството, 14-годишното девојче е уморно постојано да е дома со своите браќа и сестри и мајката Анџелина. „Потребен ѝ е мир и тишина, а тоа не е во нивната куќа. Не може да го добие мирот што го сака со сите дома и со мајка која одеднаш „жонглира“ илјада работи. Таа пронајде оаза на релаксација со Џен“ , анонимно ја опиша моменталната состојба.

Од друга страна, Џен секоја недела срдечно ја пречекува Шајло. „Кога Шајло ѝ кажа сè, сфати колку ѝ е тешко да биде помеѓу двајца родители. Таа ѝ рече дека нејзината куќа е секогаш отворена за неа и дека може да доаѓа кога сака“- рече тој. На крајот, се поставува прашањето како Анџелина гледа на сето ова и што мисли за фактот дека Шајло ја избира Џен кога и треба совет или мир.

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris