Ја предвиде својата смрт! Мајкал Џексон ја криеше својата болест!

14 септември, 2020
мајкс

Пред единаесет години, на 25 јуни 2009 година, светот беше шокиран од веста за ненадејната смрт на „кралот на попот“ Мајкл Џексон, кој почина на само 50 години.

Мајкл почина од срцева слабост поради предозирање со апчиња, а проблемите ги чуваше во тајност. Сепак, музичарот страдаше од низа болести, а неговата смрт, според многумина, беше предвидена, пишува Мирор.

Имено, докторот Кондрад Мареј, кој на пејачот му ги препиша „фаталните“ апчиња „Пропофол“, кои го убија, беше осуден на четири години затвор. Сепак, неговата зависност од дрога е само „врвот на ледениот брег“ од сите други негови заболувања.

Имено, поради долгови од дури 300 милиони фунти, Мајкл беше целосно насочен кон работата, а своето здравје го стави во втор план. Поточно, тој ја скри својата екстремно лоша состојба, иако беше „чекор до гробот“.

escort - Korsan taksi