ЈА ЗАСЕНИ И ТРАНСРОДНАТА СЕСТРА: Најмалата ќерка на Бранџелин повеќе не е толку мала

20 декември, 2020
BeFunky-collage2

Девојчето кое порасна под лупата на јавноста преку ноќ прерасна во голема девојка

Меѓу најпознатите деца во Холивуд, без сомнение, се шесте наследници на некогашниот еден од најпопуларните парови, а денес поранешните сопружници во борба за старателство над истите тие деца. Тоа секако се деца на 45-годишната Анџелина Џоли и 56-годишниот Бред Пит, меѓу обожавателите и медиумите познати и како деца на „Бранџелин“. Исто како и нивните славни родители, 19-годишниот Медокс, 16-годишниот Пакс, 15-годишната Захара, 14-годишната Шајло и 12-годишните близнаци Вивиен и Нокс – привлекуваат внимание каде и да се појават. И иако досега медиумите и јавноста беа најмногу заинтригирани од Медокс, поради конфликтот со Бред и Шајло, кои со години ги полнеа медиумските колумни со својот изглед и трансродовата приказна, овој пат најмладата ќерка на поранешниот актерски пар, Вивиен.

Иако порано ја гледавме 12-годишната девојка исклучиво во друштво на нејзината мајка Анџелина, Вивиен беше снимена пред неколку дена во соло прошетка каде ја придружуваше само чувар кој се грижеше за безбедноста на тинејџерката. Во обична облека што вклучуваше искинати фармерки, сива маица, патики и незаменливата заштитна маска, 12-годишничката се појави на ветеринарната клиника каде го однесе миленичето на преглед.

Русокосата девојка што најчесто ја гледавме во прегратките на нејзините родители или ги држеше за раце, со последното појавување во јавноста, стави до знаење дека повеќе не е толку мала. Растејќи со пет постари браќа и сестри, Вивиен е малку занемарена од јавноста која не ја доживеа толку многу, но нема сомнение дека по овие фотографии, сега 12-годишното девојче сигурно ќе биде едно од имињата за кое ќе се зборува во иднина.

Инаку, веста дека очекува близнаци официјално ја потврди Анџелина на Канскиот филмски фестивал во 2008 година, а Вивиен и нејзиниот брат Нокс се родени во Ница истата година. Момчето дошло прво на свет, а една минута подоцна ја добиле и втората биолошка ќерка. Иако тогаш папараците кампуваа пред болницата за да ги фотографираат новороденчињата, Анџелина и Бред ја презедоа контролата и овој пат, продавајќи ги фотографиите на близнаците за неверојатни 14 милиони долари, најскапите фотографии на славните во историјата. Другите деца на Анџелина и Бред немаат помалку импресивни приказни.

escort - Korsan taksi