Јавноста загрижена за здравјето на Принц Чарлс: По Коронавирусот, нападнат од нова болест?!

23 јуни, 20200
profimedia-0533435409

Кон крајот на март, веста дека принцот Чарлс е заразен со Коронавирус, одекна во целиот свет. Иако брзо се опорави, тој призна дека искуството му било многу чудно и фрустрирачко, токму поради фактот што мораше да се одвои од семејството. Како што истакна неколку пати, позитивниот дух никогаш не го оставил. Сепак, јавноста сега е повторно загрижена за неговото здравје. Причината за ова се последните фотографии на кои рацете му се отечени и црвени, до таква мера што изгледа болно.

Иако, не е првпат да се види во вакво издание, овој пат неговите раце беа во преден план, поради што јавноста не можеше да го игнорира проблемoт. Не е познато дали станува збор за болест или инфекција. Кон крајот на минатата година, неговите раце беа во иста состојба. Според многу извори, таквата состојба често може да се појави поради долги летови со авион, што беше случај и тогаш. Имено, минатата година тој патувал до Индија девет часа.

Другата причина за ваква појава на рацете, ѝ се припишува на лошата циркулација. Уште во 2018 година, принцот Чарлс се пошегува на своја сметка. Имено, за време на посетата на Австралија, тој зборуваше за прстите, нарекувајќи ги “колбавчиња”. Тој тогаш рече дека не е ништо сериозно и дека сè е добро. Сепак, фотографиите се загрижувачки, бидејќи глетката делува навистина болно.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi