Јелена Карлеуша фотографирана со друг маж: Него го сака повеќе од сè!
22 јуни, 20200
Јелена Карлеуша (41) украде малку време за себеси па отиде да се одмори на море, а друштво ѝ правеше нејзиниот татко, пензионираниот инспектор Драган Карлеуша (73), поранешен сопруг на веќе починатата Дивна Карлеуша.
На своите следбеници на Инстаграм им се пофали како ужива на брод така што сподели неколку провокативни фотографии.
Јелена на себе има црн crop top со длабоко деколте кој ги нагласува нејзините бујни гради. Оваа лежерна комбинација ја надополни со црна дизајнирана чанта и тренди сандали.
Следбениците на Инстаграм често ја обвинуваат Јелена дека ги обработува своите фотографии во Фотошоп пред да ги објави на социјалните мрежи, но се чини дека овие фотографии кои сега ги сподели на својата приказна на Инстаграм не ги обработила.