Кај еден од најпознатите холивудски парови пристигнува и четвртото дете?!

18 декември, 2020
profimedia-0386191570

2021 година може да биде многу подобра од 2020 година

Актерската двојка Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли се едни од оние кои семејниот живот го чуваат строго тајно. Иако неколку пати можевме да ги видиме со ќерките во јавноста, тие се обидуваат да го прават тоа што е можно помалку. Откако во август минатата година го добија третото дете, чие име сè уште не е потврдено, сега во американските медиуми се шушка дека нивното четврто дете ќе пристигне следната година. Судејќи според споменатите шпекулации, парот ќе зборува за сè на почетокот на следната година.

Иако медиумите не откриваат никакви детали, анонимен извор потврдил дека овој пар би бил многу среќен ако бебето пристигне наскоро. Дали тоа значи дека бебето е само во план или навистина имаат среќни вести што само планираат да ги објават, е големо прашање. Патем, Рајан неколку пати изјави дека обожава да биде татко, додека Блејк еднаш рече дека би сакала да роди цело „племе“ деца. Судејќи според ова, возбудата во нивното семејство нема да изостане. „Блејк навистина копнее за друго дете. Таа обожава да е бремена, а Рајан секогаш се шегуваше дека би сакал да пристигне друга ќерка, со цел да го доврши племето Амазон “, рекол изворот.

Инаку, приказната што кружеше низ медиумите веќе некое време беше за името на нивната трета ќерка Бети, родена пред нешто повеќе од една година.

Во декември 2019 година, Рејнолдс се појави во шоуто „Today“, каде за прв пат зборуваше за името. Актерот тогаш откри дека неговата ќерка е безимена и покрај фактот што поминаа над четири месеци од раѓањето. „Да бидам целосно искрен, сè уште не сме ѝ дале име, но она што со сигурност можам да ви го кажам е дека сопругата и јас ќе бидеме многу креативни. Сите букви во нејзино име ќе бидат непостоечки “, рече тој тогаш преку шега што предизвика избувнувања смеа, по што понатаму објасни како се справил со улогата на сопруг и татко. „Само уживам во секој момент што го поминувам со моето семејство. Блејк е одлична мајка и јас скокам кога е потребно“, откри Рајан, кој има уште две деца со Блејк, шестгодишниот Џејмс и четиригодишната Инез.

escort - Korsan taksi