Кајли Џенер, нападната во Беверли Хилс, едвај успеа да влезе во автомобилот: „Нема да престанеме да те прогонуваме!“

22 декември, 2020
kylie-jenner-2-830x0

Најмладата милијардерка на Светот доживеа голема непријатност за време на викендот, а зачуденото лице не можеше да го скрие ниту под заштитната маска

Најмладата милијардерка во Светот, Кајли Џенер (23), викендов доживеа нападн од Здружението за заштита на животните, кое ја „нападна“ додека излегуваше од зграда во Лос Анџелес и влегуваше во нејзиниот автомобил.

Имено, организацијата бара познатата убавица да вети дека никогаш повеќе нема да носи крзно и дури тогаш ќе ја остави на мир.

Активистите за заштита на животните ја обиколија Кајли за време на викендот на Беверли Хилс, и по тој повод се обидоа да ја спречат да влезе во автомобилот и ја нарекоа „чудовиште што повредува животни“.

Активистот Роб Бенкс вели дека оваа група ја опколиле Кајли затоа што носи крзно и купува крзно од лисица од „Монклер“, а тоа не треба да го прави, со оглед на тоа што има милиони обожаватели ширум Светот и треба да стане одговорен пример за сите девојки.

Тој рече дека организацијата нема да престане да ја прогонува Кајли додека не вети дека повеќе нема да купува крзно. Милијардерката е мета дури и кога не носи крзно, а активистите ја следат каде и да оди.

Во меѓувреме, претставници на организацијата „PETA“ објавија дека би сакале Кајли да им се придружи на остатокот од нејзиното семејство и нејзината постара сестра Ким Кардашијан (40), кои прифатија да носат само вештачко крзно.

– Нема ништо погрдо од крадење туѓа кожа – рекоа од „РETA“

– Како што веројатно знаете, сиротите животни беа мачени и живи дерени за да се добие тоа крзно. Тоа е навистина ужасно – додаваат од организацијата.

„PETA“ се обидува да ја додаде „Kylie Cosmetics“ во својата база на податоци за овластени козметички компании кои не применуваат суровост кон животните, иако компанијата на Кајли веќе тврди дека не ги тестира своите производи на животни