Кајли Џенер претера со новогодишните украси! Ограда полна со сијалици,а вака изгледа остатокот од ЛУКСУЗНАТА ВИЛА (ФОТО)

12 декември, 2020
кајли

Светските sвезди ги искористија претстојните празници за да се натпреваруваат кој повеќе импресивно ќе ја украси нивната луксузна вила, а некои дури и претераа во украсувањето.

Кајли Џенер,ријалити sвезда позната по својот бренд за шминка, живее во замок во Лос Анџелес Хилс вреден 35 милиони долари во близина на нејзината сестра Ким, но и Кортни, Клои и нејзиниот брат Роб.

Кајли решила да го украси својот имот малку пораскошно, па жолтите светла се на живата ограда, дрвјата и куќата. Нејзината куќа е скоро сјајна, а додека некои се воодушевени од украсот, некои сметаат дека е премногу.

Таа неодамна на својот Инстаграм покажа како го украси новогодишното дрво, кое е скоро до таванот, а исто така е полно со жолти сијалици. Сепак, несомнено е дека нејзините следбеници на Инстаграм се воодушевени од празничните украси, имајќи предвид дека нејзината елка на Инстаграм има над 5 милиони лајкови.