Кајли Џенер со фотографија од детството покажа дека ќерката Сторми е нејзина копија

29 мај, 2020
kajli

22 годишната милијардерка и реалити sвезда Кајли Џенер со  фотографија од детството покажа дека сличноста меѓу неа и нејзината ќерка Сторми е неверојатна.

Џенер со обожавателите на Инстаграм сподели две фотографии на кои мамјката и ќерката се во речиси идентична поза и двете се смешкаат.

„Моја засекогаш“, напиша Кајли која често зборуваше дека наликуваат како јајце на јајце.

Непосредно откако се роди Сторми во 2018 година, таа на Твитер напиша: „Изгледа како мене кога бев бебе“.

Подоцна призна дека се како близначки, но дека девојчето ги наследило усните на нејзиниот татко Тревис Скот.