Кајли и Крис Џенер се распаметени – Нивниот углед е уништен!

31 мај, 2020
hhh

Откако магазинот „Форбс“ ја отстрани Кајли Џенер од својот список на милијардери и го обвини нејзиното семејство дека лажно ја зголемува вредноста на нејзиниот бренд за козметика, извори тврдат дека таа и нејзината мајка Крис се комплетно распаметени.

„Кајли и Крис се плашат дека тоа ќе го уништи брендот, а уште полошо, дека ќе имаат проблеми со властите“, изјави извор за „The Sun“.Истиот извор додава дека тие се многу загрижени за правните и социјалните последици од оваа афера. Како што вели, тие веруваат дека угледот на нивното семејство би можел да биде уништен. Финансискиот адвокат Јан Хандлик изјави за „Дејли меил“ дека против Кајли може да се покрене истрага за стилизирање финансиски извештаи.

Мојата проценка е дека во најдобар случај, американската Комисија за хартии од вредност ќе ја започне, она што тие го нарекуваат – неформална истрага, и дека ова најверојатно ќе прерасне во формална истрага што ќе ги испита детално нивните деловни активности и вештачки напумпаните вредностите на компанијата.

Џенер продаде 51 процент од акциите на нејзината козметичка компанија минатата година, во која спаѓаат брендовите Кајли Козметика и Кајли Скин, на козметичката компанија Коти за 600 милиони долари, а вредноста на нејзината деловна империја се проценуваше на околу 1,2 милијарди долари во тоа време.

Форбс објави дека податоците што ги добиле од Коти покажале дека нејзината компанија е „значително помала и помалку профитабилна“ отколку што мислеле, базирано на податоците што Кајли претходно ги доставила.

По објавата на Форбс, Кајли на нејзиниот Твитер објави – „Овие се лажни изјави и непроверени претпоставки“.

„Никогаш не барав титула ниту се обидов да го лажирам патот кон тоа“, напиша таа.

„Можам да набројам 100 поважни работи во моментот отколку да решаваме колку пари имам“