Како ѕвездите на хит серијата „Killing Eve“, Џоди Комер и Сандра О се опуштаат во карантин!

6 јуни, 20200
imageedit_168_8736910425

Едно зачудувачко нешто за оваа пандемија на коронавирус е тоа што всушност го обедини светот. Застрашувачка е и сериозна, но сите сме во ист кош, дури и познатите личности.

Па како се справуваат со карантинот двете водечки ѕвезди на серијата „Killing Eve“?

Џоди Комер, која ја игра улогата на Виланел, поминува драгоцено време дома со нејзината фамилија.

Можеби Виланел е кул Русинка на шоуто, но Џоди Комер и нејзиниот ливерпулски акцент изгледаат многу пољубезно во вистинскиот живот. Таа сака да поминува време со нејзиното семејство, и вели дека го искористува карантинот колку што може. Изјавува дека иако ѝ е срам да признае, таа по малку ужива во изолацијата и мирот што го носи, како и можноста конечно да ги отпакува сите заостанати куфери.

Покрај контактот со домашните, таа исто така си ја чува формата со вежбање и има долга листа на филмови за гледање. Виланел не би можеле ни да ја замислиме на овој начин!

Комер, исто како и сите нас овој период, се обидува и да научи нешто од пределот на пекарството, и ја искористува нејзината креативна страна.

Што се однесува до менталното здравје, таа изјавува:

  • „Мислам дека кога работите се надвор од твоите раце, мораш да се обидеш само да се препуштиш на нив. Искрено, мојата фамилија се сите здрави и не можам да се пожалам. Ми беше речено да останам дома и да поминувам време со нив и тоа многу ме смирува.“

Сандра О, пак, карантинот го користи за медитација.

Сандра О, која можеби ја знаеме повеќе од медицинската серија „Вовед во Анатомија“, ја игра улогата на поранешен агент на MI6, Ив Поластри, според која шоуто е именувано. Нејзиниот лик почнува како многу досадна жена која оди по правилата, но откако нејзиниот талент за откривање мистерии и познавањето за женски сериски убијци им користи на MI6, нејзиниот карактер почнува вистински да сјае.

Во разговор со магазинот Variety, таа изјави дека овој карантин го намалува стресот со медитација.

  • „ Имам навика за медитација, и сметам дека навистина ме спушта на земја овој период и ми помага ментално да си ги средам мислите.“ Таа исто така советува дека ако тоа не успева за некои, треба всушност да го слушате својот мозок наместо да му велите да „заќути“.

Сандра О е исто така опседната со доку-серијата Tiger King, како и сите нас!

Додека Комер не кажува детали за тоа што гледа во последно време, О во друго интервју изјави дека ова шоу ја заинтересирало. Таа потенцира дека од психолошка и глумечка перспектива, тие се одлични студии на карактер. Мило ни е да знаеме дека Сандра О е еднакво заинтригирана за Џо Егзотик како и сите ние.

Излегува дека познатите личности навистина се исти како нас!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi