Како изгледале Светските чуда кога биле изградени?! Фантастично!! (Видео)

3 август, 20200
чудо

Денес, речиси ништо не е невозможно и незамисливо. Се градат солитери, архитектонски чуда кои и пркосат на гравитацијата, материјали доволно лесни за да можат да се испринтаат, а доволно отпорни да ја издржат и најголемата сила.

Забораваме дека ние сепак не сме оние кои ја измислија “топлата вода”, односно дека и нашите предци имале голем удел во знаењето со кое располагаме денес.

Сигурно сте запознаени си седумте градби кои спаѓаат во седумте светски чуда од античко време. Иако денеска можеме да ги видоме само остатоците кои се најчесто туристички атракции на разни патувања, научниците ни покажаа како овие величествени градби изгледале во минатото.

Седумте светски чуда е збир на архитектонски дела за кои Старите Грци сметале дека се врв на човечката креативност и генијалност.

Кога ќе ги видите овие фотографии, ќе сфатите зошто античкиот свет сметал дека ова се чуда и зошто и до денес тие важат за најдобри и најимпресивни архитектонски дела.

Храмот на Артемида (550 г,п.н.е) во Ефес, Турција

Овој грчки храм е посветен на божицата Артемида и бил изграден околу 550 г.п.н.е.

Денеска од храмот можат да се видат само остатоците од темелите и местото на кое овој храм се наоѓал- недалеку од турскиот град Селчук и на околу 50 км од градот Измир.

Погледнете колку некогаш бил величествен. За божица- божествен!

Големата пирамида во Гиза во Египет

Еве како изгледа сега

А еве како изгледала кога била изградена. Маестрално, зар не?

Колос од Родос, скулптура на Хелиос (292 г.п.н.е)

Иако од времето на изградбата на оваа огромна статуа до нејзиното уништување поминале 56 години, оваа своевидна и неповторлива градба секако го заслужила своето место меѓу светските чуда. Колос од Родос не е само гигантска статуа- таа е симбол на единство на народот кој го населил Родос, преубав медитерански остров.

Замислете дека сега вака изгледа.

Висечки градини од Вавилон, чиј творец е Набукодоносор II, околу 8 век п.н.е.

На митолошка основа, Висечките градини биле изградени за кралицата Семирамида, која по потекло била од зелената Медија и заради тоа кралот Навукодоносор II наредил околу 600 г.п,н.е да се изградат висечки градини на терасите на палатата за да ја расположи.

Вака изгледаат денес

А вака изгледале некогаш

Мавзолејот во Халикарнас, денешен Бодрум, Турција

Мавзолејот во Халикарнас е еден од седумте светски чуда, бил надгробен споменик на каријскиот крал Мавзол. Мавзолејот се наоѓал во градот Бодрум, на брегот на Егејското море. Оваа градба ја дизајнирале грчките архитекти Сатирос и Питијус.

Во текот на 16 век Мавзолејот бил во одлична состојба се додека не бил оштетен од голем земјотрес.

А некогаш погледот бил ваков

Статуата на Зевс во Олимпија (околу 457 г.п.н.е)

Статуата е посветена на врховниот старогрчки бог- Зевс во чија чест се одржувале Олимписките игри, а се наоѓа на просторот на самата Олимпија по која и игрите го добиле своето име.

Статуата е уништена при обид за селење, но и за време на земјотрес и пожар. На тоа место постојат само рушевини со паднати столбови.

Убаво би било да се види ваква величествена статуа, украсена со злато и слонова коска.

Фарос во Александрија, светилник направен во 270 г.п.н.е на островот Фарос во близина на Александрија

Од сите светски чуда, единствено светилникот во Александрија, покрај своите архитектонски достигнувања имал и практична намена- им овозможувал на бродовите безбедно враќање во големото пристаниште Александрија. Во архитектонска смисла, овој светилник сепак имал најголемо значење- била најголемата градба на светот во тоа време и неговата светлост можела да се види и на 50 км од брегот на Александрија.

Дел од тврдината била срушена од британски бродови во 1882 година. Денес тука се наоѓа музеј.

Од шест уништени светски чуда, светилникот изчезнал последен.

Би било убаво да се зачувани сите чуда од античкиот период, но денес имаме претстава како некогаш се градело.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *