Како вереничкиот прстен кој бил наменет за Меган Маркл завршил на раката на Кејт Мидлтон?

27 април, 20200
кејт 1

Кејт Мидлтон му се придружила на кралското семејство во 2011 година, кога се омажила за принцот Вилијам. Седум години подоцна, Меган Маркл и принцот Хари го изговориле судбоносното “да” во замокот во Виндзор.

Но малку е позната приказната за тоа како вереничкиот прстен на Кејт Мидлтон вреден 300 илјади фунти, всушност требал да и припадне на Меган Маркл.

Кога Вилијам ја запросил Кејт, тоа го направил со преубав син сафир кој некогаш и припаѓал на принцезата Дијана.

Вонвременскиот прстен е направен од дванаесеткаратно бело злато, а на него се наоѓа непроценлив син сафир.

Принцот Чарлс го купил прстенот за 28 илјади фунти кога ја запросил принцезата Дијана во 1981 година, а оттогаш неговата вредност му пораснала дури 10 пати повеќе!

Откако Вилијам ја запросил Кејт, таа речиси 10 години не го вади прстенот од рака, а иако приказната за прстенот се врзува за војвотката од Кембриџ, вистината е дека тој вусшност бил наменет за Меган Маркл.

Имено, во документарниот филм од 2017 година се наведува дека по смртта на мајка им, Вилијам и Хари си го поделиле нејзиниот накит.

Така, принцот Вилијам одбрал сет од Картие, а Хари го одбрал прстенот.

Но, кога принцот Вилијам сакал да ја запроси Кејт, Принцот Хари му го понудил прстенот.

– Зарем не би било убаво да ја запросиш со прстенот на мама? Така тој прстен еден ден ќе се најде на тронот на Англија- наводно рекол принцот Хари.

Пол Бурел, поранешен батлер во Кенсингтонската палата кажал дека тоа бил најнесебичниот чин кој покажал колку принцот Хари личи на својата мајка.

Да го задржел, денес овој прстен би го носела Меган Маркл, но како што велат старите “не за кого е речено, туку за кого е печено”.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *