Каков татко – таква ќерка. Погледнете ги слатките моменти на Софија и Лионел Ричи!

27 мај, 2020
lajonel 2

Изреката “круша под круша паѓа” не може да биде поточна кога се тие во прашање.

Додека Лионел Ричи се прославуваше како еден од најдобрите пејачи и текстописци, неговата ќерка, Софија (21) се изгради како бренд во светот на модата и денес е успешна, млада дизајнерка. Нема сомнеж дека и двајцата се неверојатно талентирани, со оглед на тоа што и Софија поседува одлични гласовни способности!

View this post on Instagram

Thinkin bout you ❤️

A post shared by Sofia Richie (@sofiarichie) on

Всушност, кога младата Софија му соопштила на својот татко дека сака да оди по неговите стапки, тој и посакал многу неуспеси, затоа што како што вели, работата со која се занимава не е воопшто лесна и вистината треба да и биде кажана во лице. Софија потекнува од славно семејство и токму поради тоа, од неа ќе се очекува многу. – изјави Лионел Ричи за време на American Idol шоуто, во Февруари.

View this post on Instagram

Always open to an awkward hug

A post shared by Sofia Richie (@sofiarichie) on

Покрај Софија, Лионел е татко на уште две деца, 38 – годишната Никол и 35 – годишниот Мајлс.