Канје и се извини на Ким Кардашијан: Те молам , прости ми, знам дека те повредив

26 јули, 20200
Annotation 2020-07-26 155409

Канје Вест и се извини на сопругата Ким Кардашијан Вест откако на Твитер напиша дека сака да се разведе.

“Сакам да и се извинам на мојата сопруга Ким што јавно објавив нешто што е приватна работа. Не ја штитев како што ме штитеше таа мене. Ким, сакам да ти кажам дека знам дека те повредив. Те молам , прости ми. Ти благодарам што секогаш си тука за мене” , напиша Вест на Твитер.

Твитот го објави неколку часа по посетата на Џастн Бибер на неговиот ранч во Вајоминг.

Вест во средата на Твитер напиша дека се обидува да се разведе од Ким, но неколку минути покасно го избриша.

” Се обидувам да се разведам од Ким  откако таа се сретнала со Мик во Варлдолф за затворските реформи”, напишал Вест без дополнително објаснување.

И предходно објави серија на твитови кои исто така покасно ги избриша во кои вели дека сопругата се обидува да го затвори и се споредил со Нелсон Мандела. Таа серија на твитови дојде  после неговиот старт на претседателската кампања во Чарлстон каде поприлично неповрзано зборуваше на разни теми и го спомена и абортусот кој наводно сакала да го направи Ким.

Мајката на Ким ја нарекол Крис Јанг- ун.

Неколку дена покасно Ким проговорила за испадите на сопругот и за неговата здравствена состојба.

” Оние кои ги разбираат менталните болести или компулсивното однесување знаат дека семејството е беспомошно освен ако станува збор за малолетник. Знам дека Канје е предмет на критики затоа што е јавна личност, а неговите постапки предизвикуваат силни емоции и размислувања. Тој е генијална но комплицирана личност која е под притисок да биде уметник и чувствува болка заради губитокот на мајка му и се носи со притисокот на изолација со зголемување на неговото биполарно пореметување. Тие кои се блиски со него ја знаат неговата душа и разбираат дека неговите зборови некогаш не се поклопуваат со неговите намери” , напишала Ким.

“Многу од вас знаат дека Канје има биполарно нарушување. Сите кои се борат со тоа и имаат блиска личност која се бори, знаат колку е тоа неверојатно и болно. Никогаш не сум зборувала јавно на таа тема бидејќи сакам да ги заштитам нашите деца и неговото право на приватност кога станува збор за неговото здравје. Денес чувствувам дека морам да коментирам бидејќи постои стигма и неразбирање за менталните болести”, додаде Ким.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *