Канје Вест: „Примав информации од Бог, никогаш во животот не сум слушнал за Тејлор Свифт“

3 септември, 2020
7584332605f4f678f6699d667936268_v4_big

Американскиот рапер Канје Вест беше номиниран за наградите МТВ во 2009 година, во време кога Тејлор Свифт ја добиваше наградата за најдобро женско музичко видео.


Свифт, кој тогаш имаше само 19 години, ја освои оваа награда благодарение на спотот за песната „You Belong With Me“. Сепак, Канје Вест сметаше дека една нејзина колешка заслужува да биде наградена повеќе. “Тејлор, навистина сум среќен за тебе и ќе те оставам да завршиш. Но, знаеш, Бијонсе имаше еден од најдобрите музички спотови на сите времиња”, рече Вест кога истрча на сцената на сред церемонијата на доделувањето.

Вооружен човек уапсен пред домот на Тејлор Свифт | Zazabava.com


Тој во неодамна објавеното интервју рече дека неговата постапка е резултат на „виша сила“. Треба да се напомене дека овој инцидент, сосема разбирливо, создаде голем раздор меѓу Вест и Тејлор Свифт. “Бог ми даваше информации … Ако Бог не сакаше да истрчам на сцената и да кажам дека Бијонсе го има најдоброто видео, тој немаше да ме стави во првиот ред, ќе бев одзади. Никогаш не сум чул за таа личност што победила, а „single ladies“ е едно од најдобрите видеа досега. Пиев коњак само затоа што не сакав да одам на церемонијата на доделување на наградите, знаев дека се работи за местенка “, објасни раперот.

escort - Korsan taksi