Канје Вест сака да направи христијанска верзија на TikTok

20 август, 20200
Annotation 2020-08-20 205722

Во низата нови вести поврзани со него, тој имал „визија“ во која ја добил идејата каде „ТикТок“ би се осврнал кон христијанствоо.

Имено, пред неколку недели, Доналд Трамп се закани дека ќе ја забрани апликацијата „TikTok“ во Америка, и даде рок до 15 септември на компанија во сопственост на Кинезите да ја продаде оваа услуга на американска компанија, или во спротивно девојките и момчињата кои танцуваат и се активни на оваа апликација можат да кажат bye bye.

Потоа се појавува Канје, со нов предлог. Како што вели на својот Твитер, тој прво погледнал што е тоа, како татко и христијанин нил навреден  (?!?) од тоа што го видел, но тој исто така бил фасциниран од технологијата што стои зад сето тоа.

Ова е местото каде што се појавува идејата за апликацијата JesusTok, која ќе биде посоодветна за религиозните луѓе кои се шокирани (?!?) од она што може да се најде таму. Канје е инаку познат по тоа што може да смисли нешто што е тешко за продажба, од патики кои личат на крокодил и од целата негова модна линија инспирирана од сиромаштија, како и секако целиот последен евангелски албум. Значи, прашањето е колку постои пазар за JesusTok.

Но, повторно од друга страна, некој продал и приказна за христијански тиндер или Christian Mingle   кој работи прилично добро, па којзнае, дури и ако целата работа е длабоко религиозна, тогаш тој веројатно има поголема цел во себе отколку заработување пари, па времето ќе да се покаже дали ова е само уште еден статус на вербална дијареја на г-дин Вест, или почеток на христијанско-технолошка револуција.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi