Канје Вест: Се кандидирам за претседател на САД бидејќи сум посебен

9 јули, 20200
Annotation 2020-07-09 133830

Во интервјуто кое го даде за магазинот Форбс, популарниот американски рапер Канје Вест, кого ширум светот го критикуваа поради неговата поддршка за Доналд Трамп, рече дека изгубил доверба во својот претседател.

Исто така нагласи дека не му се допаднало кога Трамп се сокрил во подземниот бункер во белата куќа во текот на протестите поради расната дискриминација и полициската бруталност.

Интервјуто е објавено откако објави дека ќе се кандидира за претседател на САД. Исто така додаде дека не му пречи што јавноста мисли дека е кандидирал за да му ги земе потенцијалните гласови на Џои Бајден и со тоа да му помогне во повторниот избор на Доналд Трамп.

“Знаете, Обама е посебен. Трамп е посебен. Луѓето велат дека Канје Вест е посебен. На Америка и требаат посебни луѓе кои ја сакаат. Бил Клинтон е посебен, Џои Бајден не е”, рече Кање.  

Една од причините поради која не се кандидирал претходно е тоа што го прележа корона вирусот, во февруари.

“Грозницата беше еден од симптомите кои ги имав. Често се туширав и гледав видео снимки кои говорат за тоа како да се преболи корона вирусот. Тоа доста ми помогна во борбата”, изјави Вест.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi