Канје Вест тргна кон болница на лекување, па побегна и ги викна докторите на неговиот имот

27 јули, 2020
fsdfsdfsd


Американскиот рапер и претседателски кандидат Канје Вест (43) отиде во болница поради вознемиреност, откако минатата недела имаше два нервни напади и „се истури“ врз неговата сопруга Ким Кардашијан (39) и свекрвата Крис Џенер (64). Извор близок на раперот тврди дека Канје дошол во болница, но бидејќи внатре имало многу луѓе, му било непријатно и се вратил дома. Неговите телохранители тогаш повикале брза помош за да дојдат на ранчот каде Канје бил веќе некое време, уште од кога ја започнал својата претседателска трка. Лекарите ги испитале неговите витални органи, срцето и крвниот притисок и откриле дека тој не е опасен по живот. Канје се појавил во болницата во саботата, 25 јули, попладне, а малку подоцна дошла брза помош до неговиот имот.


Сето ова се случи само еден час откако Канје јавно и се извини на својата сопруга Ким за сите болни коментари што и ги дал овие денови, најмногу за абортусот. Ким очајно се обиде да му помогне, но тој одби и не дозволи да дојде кај него во Вајоминг со двајца доктори.