Канје во солзи – свесен е дека ја повреди Ким, но сеуште ја сака…

28 јули, 20200
kanje i kim

Раперот Канје Вест (43) очигледно сеуште ја сака својата сопруга Ким Кардашијан (39). Тој и се извини и рече дека жали што споделил нивни приватни работи со јавноста, особено фактот што Ким сакала да го абортира своето прво дете.

Кратко време по обраќањето на Вест пред јавноста, старлетата истакна дека неговата здравствена состојба е лоша и го поддржува, но не спомна ништо за нивниот развод, со оглед на тоа што Ким излегувала со друг.

Откако Канје рече дека животот со кланот Кардашијан/Џенер е како хорор, но и дека семејството сака да го „стави под клуч“, Ким им порача на сите да го поддржат и да бидат повнимателни со него. Оттогаш, Канје, наводно, се чувствува подобро и дефинитивно сфаќа дека ја повредил сопругата.

– “Канје изминативе денови беше многу порелаксиран и посмирен. Сега апсолутно сфаќа дека ја вознемири Ким и му е жал за тоа. Очигледно е дека сеуште ја сака” – рече извор за американските медиуми, кои, како што велат, успеале да ги добијат изјавите на неговите роднини. Канје упати јавно извинување до Ким, кое гласеше:

– “И се извинувам на сопругата што ги споделив со јавноста моите приватни работи. Не ја заштитував како што таа ме заштитуваше. Ким, знам дека те повредив. Те молам прости ми. Ти благодарам што секогаш беше тука за мене“, рече Канје.

Старлетата ги замоли сите оние што ја следат неа, раперот и славното семејство, да сочувствуваат со неа за да можат да „излезат“ од ситуацијата во која се наоѓаат во моментот што е можно поскоро. Таа им се заблагодари на сите кои истакнаа дека им е тешко поради информациите што ги дознале за здравјето на Канје, и љубезно им се заблагодари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *