Кардашијан ги разлути фановите: кога имаш повеќе пари од здрав разум!

12 мај, 2020
кардашијан

Кортни Кардашијан објавила видео во кое покажува какво изненадување и приредила сестра и Клои, но заради бесот на фановите, набрзо го избришала.

Имено, Кортни се пофалила со расфрлана тоалетна хартија насекаде низ дворот и навела дека тоа е дело на синот на Кортни, Мејсон и нејзината сестра.

Но ова не било баш добар момент бидејќи заради пандемијата со коронавирус сè уште е неизвесно дали ќе има доволно тоалетна хартија, па Кортни со својата постапка ги разбеснила корисниците на Инстаграм кои ја обвиниле фамилијата дека е себична и размазена.