Карди Би троши милиони долари на нешто што не го користи воопшто!

22 јуни, 2020
2019 ASCAP Rhythm & Soul Music Awards - Arrivals

Пејачката има еден тон пари и не и е криво што се расфрла. Таа троши илјадници долари месецно на одршување на нејзиниот животен стил, што вклучува накит, продукти за убавина, модни детали, одмори и уште многу други луксузи. Поранешната реалити ѕвезда стана раперка го живее животот до максимум.

Но има една работа на која Карди троши прекумерно. Таа има колекција на најретки и најскапи автомобили во светот, а карактеристичното е што таа не може да ги вози.

Почнувајки од Џеј Лено па се до Џери Спрингер, многу познати личности и милионери се познати по својата пасија, а тоа се автомобилите, а Карди Би спаѓа во оваа група на колекционери.

Интересот за авотмобилите доаѓа од нејзиниот сопруг, Офсет кој исто така е љубител на автомобилите. Парот започнале да купуваат луксузни автомобили како поклони еден за друг, а таков еден поклон е сетот на Lamborghini Aventador.

Покрај овие два автомобили нивната колекција брои и неколку други „дијаманти“ во гаражата како на пример портокалов Mercedes G-Wagen, портокалов Bentley Bentayga, Lamborghini Urus, Mercedes Maybach, кастом Rolls-Royce Wraith, Chevy Suburban, Dodge Challenger Hellcat, McLaren 720S Spider, Lamborghini Huracan, Maserati Levante, Fiat 124 Spider, Ferrari Portofino, Alfa Romeo 4C, Maserati GranCabrio, Chevrolet Corvette ZR1, Fiat Abarth, Porsche Macan, Ferrari 488 GTB, Chevy Camaro, BMX X5, Mercedes AMG C 63, Audi R8 и Bentley Mulsanne.

Секој колекционер обожава да седне во еден од своите автомобили и да го „издува“. Но сепак Карди Би не е една од тие бидејќи таа нема возачка дозвола и не може да ги вози своите, во овој случај експонати. Фановите претпоставуваат дека ова е поради фактот што Карди е порасната во Њу Јорк каде скоро сите резиденти го користат јацвниот транспорт. Но никог не изјавила зашто не положива откако се отселила од Њу Јорк.