Кејт Бланшет – Никогаш не било поважно дали девојките ќе имаат самодоверба и самопочит

22 мај, 20200
219379_profimedia0491912995_ls

Новото остварување на оскаровката Кејт Бланшет „Госпоѓа Америка“ говори за борбата за правата на жените. Таа ги учи своите своите синови Дашијел (18), Роман (5) и Игнешс (11) да ги почитуваат и сакаат жените,а нејзината посвоена ќерка да биде храбра и независна.

Освен што има неверојатни актерски способности, двојната оскаровка се издвојува и по тоа што не живее типичен живот за холивудска ѕвезда. Славата и ллуксузниот живот никогаш не ја интересил, а со оглед на тоа дека рано го исгубила својот татко научила да ги цени семејните вредности заедно со сопругот, драмскиот писател Ендру Аптон (54). Тие живеат на приватниот имотот во близина на Сесекс каде одледуваат и домашни животни. Таа не ги сака социјалните мрежи и со своите фанови комуницира само преку фимските, театарските проекти. Нејзини највпецатливи улоги се улогите на Елизабет 1 во истоимениот филм. Потоа Галадријел во трилогијата „Господар на Прстените“ и уогата на Дејзи во „Неочекуваниот слуцај на Бенџамин Батон“.

Скоро секој проект кој го работи станува планетарен успех, а нејзиниот нова мини серија, каде се појагува како катерка и режисер, „Госпоѓа Америка“ привлече голем интерес кај публиката. Серијата ја обработува тематиката за борбата на феминистките во 70-тите години, а и самата Кејт е борец за овие права пред се за иднината на нијзините деца.

  • Како мајка на три сина имам обрвска да ги научам да однесуваат со почит према женскиот род. Исто така како мајка на едно девојче мислам .дека никогаш не било поважно да научи на самодоверба, почит и сенсот за очекувањата и правото на успех. Ова се вредностите кои пробувам да им ги пренесам како што тие биле пренесеми на мене од страна на мојата мајка и баба – изјавила Кејт.
  • Се сеќавам дека кога бев тинејџерка имаше една песна во чиј текст се наведуваше дека жената мора да биде добро расположена кога мажот ќе си дојде дома од работаи да се грижи занего и да не му се спротивставува. Мајка ми влезе во соба додека ја слушав оваа песна и ме праша дали навистина сакам така да живеам. Нормално за тинејџерка изреагирав бурнно и реков дека тоа се само зборови од обична песна, но подоцна сфатив дека нејзиниот став бил целосно на место – раскажува актерката.

Таа денес е пример за самостојна, храбра, горда но пред се усшпешна фамилијарна жена иако во јавноста не сака да признае таа многу добро се справува балансот мегу филмските улоги и улогата на мајка.

  • Вработената жена е секогаш некаде помеѓу потребите на личните и професионалните страсти како и потребата да се биде присутен за семејството. Често на шала знам да кажам дека со 4 деца слободно време за себе наоѓам само во заклучен тоалет. Додека им подготвам храна, да им помогнам со школото, ги спремам за спиење не ми останува многу време во денот, но се имам помирено со фактот дека спиењето е луксуз – се насмеа таа на нејзината изјава.
  • Но сево ова има и свои предности. Свесна сум дека брзо ќе пораснат и дека набрзо ќе го напуштат семејниот дом, што е голем чекор за една мајка па некогаш скришно гледам како спијат и ги фотографирам. Потоа тие фотографии фи споредувам со оние на кои биле мали, но проблемот настанува кога ќе ми го земат телефонот и ќе ги најдат фотографиите и веднаш се бунат и бараат да ги избришам.

Холивудската дива и драмскиот писател се венчале само по 20 дена врска, но и ден денес не кријатдека сеуште се лудо вљубени еден во друг и дека и покрај бројните обрски секогач наоѓаат време и начин да бидат заедно и да разговараат. Оваа година тие ќе одбележат 23 години во брак.

  • Нашите планови воглавно се насочени кој патувањата, но на крај се некако ќе се изјалови, но затоа вечерите никогаш не ги пропуштаме. Обично ќе избереме некое место каде можеме да седнеме и да раговараме спокојно. – рече Кејт

Таа покрај скромниот и повлечен живот сепак сака да експериментира со модните стилови и често може да ја видите и во класичен и скстравагантен стил. Главен акцент дава на софистицираноста, а некои од нејзините фустани се задолжителни. Погледнете ја галеријата со нејзините најубави стајлинзи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *