Кејт Мидлтон и принцот Вилијам споделија тешки вести, останаа без драг член на семејството: Викендот беше многу тажен!

23 ноември, 2020
o_15037816_1024

Принцот Вилијам (38) и Кејт Мидлтон (38) споделија тажна вест на социјалните мрежи. Нивното кученце Лупо, кое помина цели девет години со семејството, почина минатиот викенд.

“Беше многу тажно минатиот викенд, нашето драго куче Лупо почина. Тој е во срцето на нашето семејство во последните девет години и многу ќе ни недостасува”, напишаа Вилијам и Кејт заедно со фотографија од црн кокер спаниел.

Британските медиуми пишуваат дека Лупо пристигнал во семејството во тежок момент, една година пред да се роди принцот Џорџ, кој сега има 7 години, при што Вилијам отишол на шестнеделна воена мисија на Фолкландските острови во 2012 година.

Вилијам и Кејт имаат и ќерка Шарлот (5) и син Луис (2).

Лупо се појави на првите фотографии од принцот Џорџ во семејната куќа што излегоа во јавноста, а во 2013 година ги сними таткото на Кејт, Мајкл Мидлтон. Оттогаш тој беше редовен „гостин“ и на други семејни фотографии. Мајката на Лупо, Ела, е семејно куче на Џејмс Мидлтон, 33, братот на Кејт. И изрази тага за предвременото заминување на веселиот миленик на кралското семејство.

escort - Korsan taksi