Кејт Мидлтон: “Ќе го тужам секој којшто ќе ме спореди со Меган”

16 јуни, 20200
colin-bb-29_0

Кралското семејство со години наназад се соочува со секакви натписи во медиумите, а сега реши и јавно да проговори во врска со тоа. Иако, во минатото не се бореа со медиумите, изгледа дека некои работи навистина им пречат. Главни актери и овој пат се брачните парови Вилијам и Кејт и Хари и Меган.

Откако минатиот месец излезе статија за војвотката Кејт во магазинот “Tatler”, поради која семејството поднесе тужба, деталите од нејзиниот однос со остатокот од семејство сега уште повеќе се анализираат. За “Daily Mail” овој пат зборуваше експертoт од кралското семејство, Данкан Ларкомб.

Споменатата статија, којашто ѝ претставува проблем на Кејт, истакнува неколку информации за нејзиниот однос со Меган Маркл. Анонимен извор, близок на семејството, откри дека на Кејт навистина ѝ е доста од споредбите со Меган, којашто веќе не е ниту дел од семејството. По тужбата поднесена против магазинот “Tatler”, Кејт донесе одлука дека ќе ги тужи сите останати, коишто ќе ја споредат со неа.

Според зборовите на Данкан, Кејт навистина сака да ги спречи споредбите помеѓу двете дами. Смета дека новинарите отидоа предалеку.

Потсетуваме, Кејт го прекрши кралскиот протокол и преку гласноговорник одговори на озборувањата: Натписите содржат небројно многу невистини и искривени гледања на нештата”.

Исто така, војвотката порача дека ќе поднесе правни постапки и ќе спречи таквите приказни да се повторуваат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi