Кели Роланд проговори како е да се работи покрај Бијонсе: Тоа беше мачење

15 јули, 2020
Annotation 2020-07-15 145619


ПЕЈАЧКАТА и поранешниот член на групата Destiny’s Rowland , Кели Роланд, изјави дека работењето со Бијонсе било тортура.

Кели и Бијонсе се основачите на споменатата група и тие настапуваа заедно 13 години, по што членовите на групата се посветија на соло кариерата. Во емисијата „ The Voice Australia“, Кели призна дека со години живеела во сенката на својата колешка и дека тоа многу влијаело врз нејзината самодоверба.

“Можете ли да замислите како е да се биде во бенд со Бијонсе? Тоа беше тортура во мојата глава. Продолжував да размислувам дека не можам да облечам фустан затоа што ќе ме споредат со неа или не можев да пеам песна затоа што секој ќе речеше дека звучев како Бијонсе “, изјави пејачката.

„Ќе ве излажам ако кажам дека не ми пречеше. Тоа траеше цела деценија во која се чувствував како слон во просторијата. Секогаш ми беше товар на грб“, рече искрено Кели.

Кели има освоено голем број награди како соло уметник, вклучувајќи ги наградите за музика „Billboard“ и „Soul Train Music Awards“, а исто така е номинирана и за две Grammy награди.