Кендал Џенер плати 10 милиони долари за новата вила! Погледот од птичја перспектива е лудило
Убавата манекенка е „тешка“ околу 50 милиони долари
Кендал Џенер (24) штотуку купи луксузна вила во Малибу, за која плати 10.000.000 долари!
Вилата има јасно обележани паркинг места за 8 автомобили, огромен базен, двор, многу зеленило. Големата тераса можете да ја видите и пред куќата, а план е декорирање на ентериерот според нејзин вкус.
Се чини дека на Кендал и се здосади да седи во изнајмената куќа во Малибу, во која уживаше пред неколку дена со семејството и пријателите, па затоа си купи свој дом.
Која е Кендал Џенер
Кендал е американска манекенка, и стана позната како сестра на најпознатата старлета во светот, Ким Кардашијан.
Двете се сестри од мајката Крис Џенер.
Убавата манекенка е „тешка“ околу 50 милиони долари, а интересно е тоа што во јули 2018 година имаше околу 18 милиони. За две години успеа добро да го зголеми своето богатство.
Кендал е една од омилените лица на светските брендови и модните писти, а Forbs во 2017ма ја прогласи за најплатен модел на светот.