Кендал Џенер во врска со кошаркарот Девин Букер: работата е сериозна?

24 јуни, 20200
Annotation 2020-06-24 194843

Кендал Џенер наводно има момче веќе некое време, а се чини дека работата е сериозна.

Манекенката, како што велат, е во врска со кошаркарот Девин Букер, а работата станува сериозна.

„Таа е луда по Девин и мисли дека нивната врска има иднина“, почнува изворот за магазинот OK.

„За сега се трудат да останат неприметени и врската да не биде официјализирана, пред се бидејќи не сакаат да избаксузираат нешто. Сепак хемијата им е се посилна и подготвени се за следниот чекор во односот“, додава изворот.   

За нивната врска прв пат почна да се зборува во март оваа година, а наводно се видени заедно во повеќе наврати.

Иако изворот тврди дека се меѓу нив е сјајно, врската ќе им биде на тест наредниот месец, кога ќе почне новата сезона NBA. Девин тогаш ќе мора да се врати на Флорида.  

„На Кендал нема лесно да и падне тоа што ќе мора да биде одвоена од него неколку месеци, но не е загрижена,“ наведува изворот и заклучува: „Таа е трпелива и верува дека помеѓу нив се ќе биде во ред.“

Инаку, изминатите неколку недели се зборуваше дека Кендал се смирила со Хери Стајлс, но тоа бил само трач.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi