Кети Пери има нова песна “Daisies” и видео кое го снимаше бремена!

16 мај, 2020
кети

Пејачката Кети Пери го промовираше видеото за нумерата”Daisies”. Се работи за првиот сингл од најавениот петти албум кој треба да излезе на 14 август.

Оваа песна Кети ја напишала уште пред неколку месеци како потсетник за себе да остане она што е без оглед на тоа што другите мислат за неа. Истото им го порачува и на своите обожаватели.

Видеото за песната “Daisies” е снимено во природа, а во него можеме да ја видиме бремената пејачка.

Кети Пери со нејзиниот избраник, актерот Орландо Блум го очекуваат нивното прво дете.