Киану под истрага за корона забава : „Организираа забава, лажеа дека снимаат сцена за „Matrix 4“

14 ноември, 2020
f_6214166_1024

Забавата се одржа во Бранденбург и покрај ограничувачките мерки, а беше организирана за да се одбележи крајот на снимањето.

Германските здравствени власти започнуваат истрага против студиото што го снима последното, четврто продолжение на легендарната акциона серија на SF „Matrix“ за „коронапартија“ во која, наводно, е вмешан и главниот актер Киану Ривс.

Забавата се одржа во Бранденбург и покрај ограничувачките мерки, а беше организирана со цел да се одбележи крајот на снимањето, пренесува Guardian.

На настанот присуствуваа околу 200 луѓе, а според германските таблоиди тие се „маскирале“ во филмска екипа за да можат непречено да се забавуваат.

Забавата се одржа во Бранденбург, во областа на филмското студио Babelsberg. Во Берлин и Бранденбург, на собири им е дозволено максимум педесет лица. Мора да се следат строгите правила – собирите мора да бидат објавени однапред, гостите мора да држат дистанца и не смеат да ги симнуваат маските освен кога јадат или пијат. Но, се чини дека ова не беше случај со коронапартијата Matrix.

– Атмосферата беше многу весела, сите претходно беа тестирани за коронавирус, но требаше да дојдат со маска, а многу луѓе воопшто не ја носеа. Немаше упатства, а факт е дека не стануваше збор за снимање, туку за забава, никој не снимаше ништо – рече еден гостин на забавата.

Забавата, која започна во средата по 18 часот, беше организирана од продуцентите Лана и Лили Вачовски. Гостите имаа можност да се забавуваат со бројни настани – пристигнаа танчери, диџеи, огномет, а можеа да направат и тетоважа со симболи од филмот. Уживаа во суши, саке, пица, колбаси и веганска чоколадна торта. Ривс и неговата партнерка Александра Грант пиеле вино, но ја напуштиле забавата релативно рано.

Портпаролката на студиото Бјанка Маркаревич изјави дека не станува збор за забава, туку за „сцена на славење“ и се почитуваат сите хигиенски правила Таа додаде дека продуцентскиот тим бил претпазлив во однос на сцената. Портпарол на Потсдам, сепак, рече дека не им бил објавен настан на властите, кои треба да ги одобрат ваквите собири.

Новиот Matix треба да биде објавен кон крајот на следната година, па тогаш ќе видиме дали сцената на „прославата“ навистина е снимена или филмската екипа само (неодговорно) се забавуваше за време на пандемијата.