Ким и Канје ќе го тужат поранешниот телохранител за 10 милиони долари

3 јуни, 2020
1843949_profimedia0431334949_ls

Ким Кардашијан и нејзиниот сопруг Канје Вест му се заканиле на поранешниот телохранител со тужба поради фактот дека јавно пренесувал информации за нивниот интимен живот.

Тие тврдат дека Стив Станулис пренесувал лажни информации за нив, а со тоа го прекршил договорот за доверливи инфомрации кој го потпишал пред да почне да работи за раперот.

Тој навел како Ким и Канје даваат бедни бакшиши, но и тоа дека му се едни од најомразените клиенти со кои работел. Брачниот пар се заканил со тужба од 10 милиони долари доколку Стив повторно излезе во јавноста со информации за нивната врска и живот.