Ким Кардашијан не може да се разведе од Канје Вест поради оваа причина! Еве како изгледа нивниот брак во моментов!

15 декември, 2020
Screenshot_1

Ким Кардашијан и Канје Вест минаа низ тежок период во нивната врска ова лето, но сепак нивниот брак ги преживеа и тие тешки моменти. И покрај тоа што Канје ја обвини Ким дека сака да го пикне во лудница, Ким цело време имала само пофални зборови и разбирање за нејзиниот сопруг. Затоа многумина тврдат дека ријалити ТВ-икона нема да се разведе од нејзиниот сопруг, со кого е во брак шест години, а еве ја основата врз која тие го тврдат тоа.

Двојката се венчаше во 2014 година и имаат четири деца заедно. Се вели дека додека децата претежно живеат со нивната мајка во Лос Анџелес, тие повремено го посетуваат својот татко кај неговиот ранч во Вајоминг. Овој аранжман се чини дека работи добро засега. Во меѓувреме, извор изјави за магазинот „People“ дека иако Кардашијан и раперот се уште се заедно, тие водат поинаков живот. Додека сопственичката на компанијата за убавина „KKW Beauty“ е зафатена со работа и проекти на нејзиниот бренд, Канје Вест е посветен на својата музичка кариера. Медиумските извештаи покажуваат дека ѕвездата на шоуто „Keeping up with the Kardashianѕ“ е задоволна од тоа како се одвиваат работите во нејзиниот љубовен и деловен живот,  Ким е фокусирана и на некои други проблеми. На пример, Кардашијан е уверена дека нејзините напори за промена на системот за кривична правда во САД ќе дадат резултати. Имено, убавицата и деловната жена посетува и правно училиште затоа што се стреми да биде адвокат исто како и нејзиниот покоен татко. Нејзиното семејство се чини дека е исклучително гордо на неа.

Иако парот претпочита да живее на различни места, се чини дека нема да се разведат наскоро. Извор за „People“ тврди дека Канје Вест многу ја сака својата сопруга и дека сепак ја почитува. Друг извор инсистира на тоа дека Ким, исто така мајка на четири деца, не планира да го напушти својот сопруг наскоро, а Вест исто така не е подготвен да ги изгуби сопругата и семејството. Причината што веројатно нема да поднесат барање за развод и покрај стресниот период е тоа што, засега, тие се задоволни од начинот на кој се одвиваат работите. Кардашијан мора поголемиот дел од времето да го помине во Лос Анџелес, додека раперот претежно живее во Вајоминг. Тој обожава да биде на неговиот ранч, а обајцата изгледаат среќни со својот живот, пишува Hollywood Life.

Во меѓувреме, 43-годишниот рапер ретко се појавува во јавноста, но и на социјалните мрежи, особено по неуспешниот обид да стане претседател на Соединетите држави. Канје Вест последен пат беше виден на Twitter на 4 ноември 2020 година и немаше јавна расправија со кланот Кардашијан-Џенер откако неговата сопруга го прослави својот 40-ти роденден во октомври оваа година.

Од друга страна, последните неколку дена беа турбулентни за Кардашијан. Таа активно се спротивстави на смртната казна за Брендон Бернард и сакаше да ја претвори во доживотна казна затвор. Патем, Бернард беше осуден за учество во убиство на млад пар во 1999 година. Ким Кардашијан беше една од многуте познати личности кои апелираа до Доналд Трамп да ја ублажи казната. Сепак, погубувањето се случило овој четврток, според  „Daily Mail“.