Ким Кардашијан откри детали од роденденот на Скот: “Беше убаво, но истовремено и страшно”

14 јуни, 20200
kim-kardashian-sweet-photos-scott-disick-birthday-rex-ftr

Ким Кардашијан и нејзините сестри не се изложуваа на ризик за време на Covid – 19 пандемијата и за време на изолацијата живееа одвоено.

Таа призна дека на моменти навистина се досадувала во само-изолација со нејзиниот сопруг, Канје Вест, па така пред скоро време започна да се движи надвор од нејзината куќа и да го поминува времето со повеќе луѓе околу себе.

Се чини дека роденденската забава на Скот Дисик е еден од првите собири на кои присуствуваше Ким, откако здравствените работници почнаа да ги олеснуваат безбедносните мерки во Лос Анџелес.

  • “Го прославивме роденденот на Скот, пред неколку недели, само со семејството и навистина ми беше првпат да бидам во присуство на група луѓе (мала група)” – напиша Ким под фотографиите коишто ги објави на својот Инстаграм профил.

Таа додаде дека било навистина убаво, но истовреме и страшно, а ги запраша и своите Инстаграм следбеници, како се чуствуваат тие сега, откако можат слободно да излезат надвор.

За роденденската забава, Ким се одлучи за светло – сини фармерки и “crop – top”, а косата ѝ  беше подигната во високо “коњско опавче”.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi