Ким Кардашијан подарува 500.000 долари! Секој може да учествува и тоа многу едноставно!

22 декември, 2020
tan2020-9-161225392630-830x0

Риалити sвездата им подарува 500 долари на своите најверни фанови

Најпознатата ријалити sвезда на Светот, Ким Кардашијан (40) подарува половина милион долари, а учеството во наградната игра е многу едноставно.

Имено, познатата старлета на својот Twitter профил напиша дека ќе подари 500 долари на 1.000 луѓе што случајно ќе ги избере.

– Еј луѓе, ова е најубавиот период од годината. Знам дека 2020 година беше тешка година и многумина се загрижени дали ќе можат да ја платат киријата, да обезбедат храна за своето семејство или да купат им Божиќен подарок на децата – започна Ким.

– Сакам да ширам љубов испраќајќи 500 долари на 1.000 луѓе – напиша Ким со хаштагот „KKW holiday“ и ги покани обожавателите да ги остават своите податоци за да може да им исплати пари на оние кои ќе имаат среќа овој пат.

Фановите можат да се пријават со одговор на оваа објава на социјалната мрежа Twitter и пишување на хаштагови „#cashtag“ и „#KKWHoliday“.

– Ова навистина ќе ѝ помогне на мајка ми да купи подароци за моите браќа и не сакам да звучи како да молам за нешто, но вреди да се обиде – напиша еден обожавател.

Станува збор за спонзориран проект, а парите не ги донира директно Ким, туку интернет апликацијата „Cahs App“.

escort - Korsan taksi