Ким Кардашијан видена за прв пат во јавност после инцидентот со Канје – не изгледаше баш среќно!
Ким Кардашијан беше видена за прв пат откако нејзиниот сопруг Канје Вест и се извини на Твитер за тоа што ги пренесуваше нивните „приватни работи“. Ким (39) беше видена во автомобил во Лос Анџелес и немаше баш весел израз на лицето. За двојката се вели дека живеат одвоено откако наводно не можеле да се поднесат меѓусебно, а тоа што музичарот неодамна ги објави своите брачни проблеми јавно , обвинувајќи ја дека сакала да го стави под клуч и соопшти дека сака да се разведе од неа откако дознал дека Ким наводно се сретнала со раперот Мек Мил во хотел.
Ким има четири деца со Канје. Тоа се Норт(7), Сеинт(4), Чикаго(2) и Псалм(14 месеци). Додека Ким се возеше низ градот, во исто време, Канје се извини јавно и го посети Cody Regional Health во Вајоминг. Еден член на неговата придружба подоцна потврди за DailyMail.com дека Канје посетувал пријател во болницата.
Неговото извинување кон Ким ја потсмири малку турбулентната ситуација што ја имаше предизвикано. И покрај тоа што не одговараше јавно на објавата на Канје, Ким лајкна твит од еден нивен обожавател, на кој пишуваше: „Ве сакам и двајцата многу!“ како одговор на неговото извинување.Тој твитна: „Би сакал да и се извинам на мојата сопруга Ким што споделив наши приватни работи со јавноста.Не бев тука за неа како што таа беше тука за мене. Ким знам дека те повредив. Те молам прости ми. Ти благодарам што секогаш беше тука за мене.“
Потоа, Канје објави тизер за неговиот нов албум “Donda” – именуван по неговата покојна мајка – кој требаше да излезе во петок, но беше одложен.Претставник за Ким одби да коментира кога беше контактиран од MailOnline.
Тензиите станаа видливи помеѓу двојката кога Канје во својот митинг за претседателска кампања во Јужна Каролина во неделата откри за малку ќе ја абортирале нивната ќерка Норт.Тој се расплака и рече: Во Библијата се вели: Не убивај никого. Се сеќавам дека мојата девојка ми се јави врескајќи и плачејки по телефон ми рече дека е бремена, а јас во тоа време излегував со различни девојки, но и реков дека сакам да го задржиме бебето.
“Таа плачеше… неколку месеци , разговаравме за опцијата да го абортира бебето. Имаше апчиња во нејзината рака.“ Потоа, тој тврди дека визијата од Бог ги навела тие да продолжат со бременоста.
„Јас бев во станот каде што мојата сопруга всушност беше ограбена, со лаптопот пред мене сакајќи да ги реализирам сите мои креативни идеи и одеднаш лаптопот ми се исклучи. “, рече тој.
“И Бог рече, Ако не сакаш да ја следиш мојата визија, тогаш ниту јас нема да ја следам твојата. И тогаш и се јавив на жена ми и одлучивме да го имаме ова дете.”
Тој исто така објави дека неговите деца никогаш нема да се сликаат за Плејбој. – откако Ким позираше на насловната страна на списанието. Канје тогаш во серија понеделни твитови рече дека Ким се обидувала да го заклучи. „Ким се обидуваше да лета во Вајоминг со доктор за да ме заклучи како на филмот Get Out.“
Ким ја прекина молчењето во врска со пораките во средата, велејќи дека е „немоќна“ и го нарече Канје „брилијантен, но комплициран“.
„Разбирам дека Канје е предмет на критики затоа што тој е јавна личност и неговите постапки понекогаш можат да предизвикаат големо внимание од јавноста, силни емоции и поделеност на мислења.
„Тој е брилијантна, но комплицирана личност кој покрај притисоците што ги има затоа што е пејач и црнец, тој доживеа болна загуба на својата мајка и мора да се справи со притисокот и изолацијата што која му влијае на неговото биполарно нарушување.
„Оние што му се блиски на Канје го знаат неговото срце и знаат дека неговите зборови понекогаш не се усогласуваат со неговите намери“.