Ким Кардашијан за периодот кога Канjе Вест се бореше со корона вирусот: „Беше ужасно и непознато“

6 октомври, 2020
tan2019-11-745924740-830x0

– Морав да му ги менувам чаршафите и да му помогнам да стане од кревет кога не се чувствуваше добро – рече американската старлета

Ким Кардашијан се присети на периодот кога нејзиниот сопруг, раперот Канје Вест, имал корона вирус. Американската старлета во интервју за магазинот „GRAZIA“ изјави дека тоа биле тешки моменти.

– Канје имаше корона на почетокот (кога корона вирусот го обиколи светот, прим.аут), кога никој не знаеше за што станува збор. Беше толку ужасно и непознато. Имав четири бебиња и никој до мене да ми помогне – изјави Ким.

Кардашијан откри дека Канје бил позитивен на тестот на корона вирусот кога и Том Хенкс и Рита Вилсон, што значи средина на март.

– Морав да му ги менувам чаршафите и да му помогнам да стане од кревет кога не се чувствуваше добро. Тоа беше предизвик затоа што сѐ беше непознато. Менувањето на чаршафите со ракавици и штит за лице беше страшно време. Можеби на нашата планета и треба пауза – рече Ким.

escort - Korsan taksi