Ким Кардашијан заработи 1.000.000 долари за да се појави со шишки во реклама – 45 секунди!

18 јули, 20200
Annotation 2020-07-18 152455

Реалити ѕвездата Ким Кардашијан е новата ѕвезда на рекламата за австралискиот “Uber Eats”

Американската реалити ѕвезда и најпопуларната старлета на светот Ким Кардашијан (39) снимаше реклама за компанија која се бави со достава на храна во Австралија под називот “Uber Eats” за точно милион американски долари.

Наиме, Ким ја имаше главната улога во реклама со комичен карактер која трае многу кратко и која започнува со реченицата:

-Вечерва ќе јадам…- започна Ким, а потоа наброја што ќе јаде.

Друштво во рекламата и прави и австралиската комичарка Магда Субански, позната како Шаз која “ја исмева” Ким и ја учи да ги изговара зборовите со австралијански акцент.  

Во првата реклама Ким има долга црна коса врзана во репче, додека веќе во следната реклама има краток боб со шишки, што наводно и го направила колешката од рекламата.

https://youtu.be/RKN6KbgIdWY

Поентата на целата приказна е брзината и сакале да нагласат дека доставата преку оваа компанија стигнува буквално за секунда.

Фановите коментираа дека Ким изгледа како кукла и дека има нула харизма во рекламата, дека е премногу платена за работа која трае 45 секунди.

https://youtu.be/3gNJkR_IfnY

Рекламата е објавена во ноември минатата година, но дури сега е објавена информацијата за тоа колку Ким е платена за улогата, што разбесни многу луѓе кои се жалат дека во животот нема да ги заработат тие пари иако секој ден работат со полно работно време.

“Магда дури и немала прилика да ја запознае Ким, снимени се одвоено, а споени со фотошоп “, “Ужас колку пари добива за глупост”, “Неправда кон луѓето кои секој ден работат по 8 часа”.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi