Ќе ве ШОКИРА! Холивудскиот шармер беше фотографиран во голо издание!

17 декември, 2020
majka

Познатиот холивудски актер Џош Бролин (52) го привлече вниманието на фановите уште во 1985 година во популарниот детски класик „Гуни“, а три и пол децении подоцна тој сè уште привлекува воздишки со својот изглед.

Бролин изгледа одлично во својата шеста деценија од животот, а тоа го докажа со последната фотографија на Инстаграм каде позира не помалку од – целосно гол! Фотографијата ја направи неговата сопруга Катрин за време на лежерно попладневно кафе.

– На крајот на денот, животот ќе не суди според тоа колку често сте биле голи. Никој не рече дека тоа значи метафорички – напишал актерот во описот на фотографијата која собра повеќе од 251.000 лајкови.

Инаку, Џош и неговата 20-годишна сопруга Кетрин се венчаа пред четири години. Заедно тие имаат ќерка Вестлин и моментално се во пресрет на уште едно дете. Актерот веќе има две деца од првиот брак со Алис Адаир: 32-годишниот син Тревор и 26-годишната ќерка Еден. После Адаир, Бролин беше во брак со колешката Дајан Лејн од 2004 до 2013 година.

Пред две години, Бролин освои одлични критики за улогата на Танос во новото продолжение на „Одмаздници“, но и на продолжението на „Сикарио“. Истата година тој беше снимен како ужива на плажа со пријателите, а на фотографиите се гледа лузна оставена на Бролин откако непознат маж го прободе со нож во Костарика пред седум години. Ножот му забодел шест сантиметри во стомакот, а Бролин бил пред крварење. За среќа, на крајот се опорави од сè.