Ќе ви се заврти во глава од сумата што ја потрошиле Софија и Лука за 7 дена!

24 јули, 20200
sofija leto

Фудбалерот на Реал Мадрид, Лука Јовиќ и манекенката Софија Милошевиќ, која е во седмиот месец од бременоста, изнајмиле луксузна јахта која крстареше по Средоземното море.

Според весникот „Информер“, Лука не штедел пари за да ја израдува својата свршеница која ќе му роди син, па затоа, тој наводно платил голема сума за ова крстарење. ”Лука потроши 35.000 евра за само седум дена за изнајмување на јахтата. Тие ручаа во најскапите ресторани. Тој на овој одмор сигурно ќе потроши најмалку 40 000 евра. Сепак, тоа е за Лука малку, бидејќи тој заработува по 20 милиони евра годишно во Реал Мадрид“, изјави извор за весникот.

Софија и Лука го зедоа со себе и синот на фудбалерот, кого го доби со својата поранешна девојка Анџела Маниташевиќ, а манекенката рече дека ужива на годишниот одмор, дека не се одвојува од малиот Давид и дека Лука ја смирува секој пат кога ќе се чувствува лошо.

Заљубената двојка сподели неколку фотографии од јахтата со своите следбеници на Инстаграм, како и видео на кое се гледа како разменуваат нежност.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *