ЌЕРКАТА НА АЛ ПАЧИНО НЕМА КОМПЛЕКСИ! Има неколку килограми повеќе, НО СЕ ЧУВСТВУВА ЗАВОДЛИВО! Личи на тато…

25 август, 2020
367536_873x400_orig

Легендарниот Ал Пачино го прослави својот 80-ти роденден во април. Иако во животот имал многу дами, никојa од нив не успеа да го врзе за себе.

Една од најдолгите врски му беше со својата колешка Беверли ди Анџело, со која беше во врска од 1996 до 2003 година. Тие ја завршија врската две години откако ги добија близнаците Оливија и Антон.

Покрај нив, Пачино има и постара ќерка Џули, со наставничката по глума Џен Тарант.

Оливија, која сега има деветнаесет, е многу активна на социјалните мрежи. Како живее некој чиј татко е Ал Пачино и како ужива во животот, може да се види на нејзиниот Инстаграм профил.

Без никаков комплекс, симпатичната Оливија редовно објавува фотографии во костум за капење и покрај неколку вишок килограми. Среќна и задоволна, таа исто така ужива во љубовта со своето момче во сончевата Калифорнија.

Таа исто така покажа колку е горда на нејзиниот татко кога подготви изненадување за неговиот 80-ти роденден. Поради пандемијата на коронавирусот, холивудскиот гигант не можеше да има забава, но духовитата Оливија организираше журка.

Таа ги повикала пријателите, кои дошле со автомобил пред куќата на Пачино и му аплаудирале на актерот кој излегол на портата.

– Среќен роденден, тато. Знам дека во моментот не си во можност да се гледаш со твоите пријатели па затоа ги донесов кај тебе – напиша Оливија покрај видеото што го објави на Инстаграм.

escort - Korsan taksi