Ќерката на Кејт Мос ги следи стапките на мајка си на модните писти! ЕВЕ ЗОШТО НЕ ГО КОРИСТИ ПРЕЗИМЕТО НА СВОЈОТ ТАТКО!

31 октомври, 2020
Screenshot_1

Лила Мос штотуку наполни 18 години, но јасно е дека сигурно ги следи стапките на нејзината мајка, супермоделот Кејт Мос, која ги смени идеалите за убавина во 90-тите години на минатиот век.

Ќерката на славната манекенка дебитираше на модната писта облечена во креациите на италијанската модна куќа „Миу Миу“, а споредбите со Кејт беа неизбежни. Повеќето експерти се согласуваат дека сличноста е многу видлива, а на Лила ѝ предвидуваат и сериозна кариера.

Во далечната 1992 година, Кејт за првпат се прошета по модната писта на 18 години, а разликата е во тоа што Лила го скрши мразот без публика. Поточно, како и со многу други настани, гостите се вклучија преку Интернет и виртуелно ја посетија ревијата.

Лила е ќерка на британскиот издавач и кустос Џеферсон Хак (49), но сепак го користи презимето на нејзината славна мајка со цел да се пробие во светот на модата. Таа исто така има договор со својата агенција, и е заштитно лице на брендот „Марк Џејкобс Бјути“.