Ќерката на Ума Труман го заборави својот костум за капење: Се бањала со долен веш во Венеција!

8 септември, 2020
ума



Американската актерка и модел Маја Реј Турман Хок (22) е ќерка на легендарните актери Ума Турман (50) и Итан Хоук (49), а сега полека ги следи нивните стапки и влегува во светот на актерството.

Имено, младата актерка стана популарна во светот на актерството кога ја играше улогата на Робин во серијата Нетфликс „Stranger Things“, која се гледа низ целиот свет.

Маја моментално е во Венеција, каде присуствуваше на 77-от филмски фестивал, и таму пристигна на премиерата на филмот во кој глуми „Мејнстрим“.

Актерката беше во центарот на вниманието на црвениот тепих поради зачудувачки скапиот фустан од ризницата на модниот бренд Версаче, а после тоа реши да се опушти со пријателите и замина на плажа, каде го покажа своето заносно тело.

Таа се олади во морето, а потоа почнаа да се прскаат со вода и да прават мини „забава“ на плажа. Фановите беа воодушевени од тоа како изгледа Маја, а особено го пофалија изгледот на нејзиниот задник без целулит.

Да се потсетиме, Маја Хоук е родена во 1998 година како прво од двете деца на актерите Ума Турман и Итан Хоук. Нејзините родители се венчаа два месеци пред да се роди Маја, а се разведоа кога таа имаше седум години.

Како тинејџерка, ќерката на познати родители ја започна својата манекенска кариера во „Вог“, а подоцна се одлучи за глума. Дебитираше за ТВ во 2017 година во мини-серијата „Мала жена“, по што сними четири филма и популарна ТВ-серија за Нетфликс.