Клое Кардашијан ја имаат изневерено сите партнери, третиот додека беше трудна!

25 јули, 20200
kli

Семејството Кардашијан-Џенер е познато по бројните семејни драми, најчесто прељуби и брачни измами. Секој член на семејството Кардашијан-Џенер или е измамем или измамил барем еднаш во животот. Имаше толку многу раскинувања што велат дека постои „Кардашијанска клетва“ што ги натера мажите кои биле во врска со нив никогаш повеќе да не се израдуваат. Најпознатата сестра од кланот Кардашијан, Ким (39), првпат се ожени во 2000 година на само 19 години, за музичкиот продуцент Дејмон Томас (50). Тие се разведоа после две години. Подоцна таа изјави дека била под влијание на екстази на свадбата.„Тој  ме злоупотребуваше ментално и емоционално“, рече таа во тужбата за развод.

После тоа таа влезе во врска со  Реј Ј (39) и наскоро експлодираше скандал кој ја лансира во мегаѕвезда.Во 2002 година, тие заедно создадоа домашно порно видео.Видеото се објави преку порно компанијата Vivid Entertainment со наслов “Kim Kardashian Superstar”. Таа се обиде да го спречи прикажувањето на видеото, но на крајот направи спогодба со компанијата од 5.000.000 американски долари. Наводно, видеото досега е видено повеќе од 200.000.000 пати. Ким и Реј беа неверни едни на други. Тој открил дека ја изневерил Ким затоа што и таа го изневерувала додека биле во врска.

Потоа, во 2010 година, таа се запозна со кошаркарот во НБА, Крис Хемфрис (35) од New Yersey Nets. Една година подоцна, во август 2011 година, тие веќебеа во брак. Бракот траеше 72 дена, но свадбата го привлече вниманието на сите светски медиуми. Хемфрис не се опорави од тој шок дури и денес затоа што вели дека сè уште е исмејуван за таа авантура. Ким, од друга страна, изјави дека откако се омажи за Канје Вест (43)  никогаш не помислила дека нивниот брак ќе трае толку долго и дека не би сакала повеќе да се разведува затоа што веќе нема да издржи толку медиумска прашина. Тие ја започнаа својата врска во 2012 година и се венчаа на 24 мај 2014 година. Тие се познати како еден од најбогатите парови во светот на шоу-бизнисот и нивната вредност се проценува на околу 1,3 милијарди американски долари. За време на карантинот во април, почнаа да кружат гласини дека Канје и Ким не живеат под ист покрив. Очигледно, тие живеат на ист имот, но секој во својот дел од вилата. Канје обично работи ноќе, а Ким станува рано.

И нејзината сестра Клои (36) имаше три врски и бракови со кошаркари од НБА и сите од нив завршија во неуспех. Првиот беше Ламар Одом (40). Тие се запознале на 27 септември 2009 година и се венчале еден месец подоцна. Потоа, во 2013 година, почнаа да кружат гласини дека Ламар ја изневерува. Конечно, во 2015 година, тие потпишаа документи за развод, а во октомври, Ламар беше пронајден без свест во бордел во Невада. Тој беше во кома четири дена и се веруваше дека парот ќе се смири, но Клои ја прекина парницата за развод се додека тој не се опорави. Тие се разведоа во 2016 година. Одом призна дека му е жал што ја изневерил Клои:

– “Кога станав нејзин сопруг, се здобив со популарност кај жените. Ако има нешто што жалам, тоа е затоа што за време на бракот сум бил со многу жени. Посакувам да можев да го задржам во пантолоните”, рече тој.

E! Network Upfront Arrival - New York City

Додека траеше бракоразводната постапка, Клои го запозна Џејмс Харден (30), исто така кошаркар. Тие раскинаа во февруари 2016 година затоа што тој исто така ја изневеруваше во таа кратка врска, а подоцна рече дека на него и онака не му се допаѓаше големото медиумско внимание што го доби во периодот додека беше вплеткан со Клои.

Клои продолжи со уште еден – овој пат канадскиот професионален кошаркар Тристан Томпсон (29). Во април 2018 година, се роди и нивната ќерка, но се дозна дека Томпсон ја изневерувал додека била бремена. Откако тие раскинаа во февруари 2019 година, беше откриено дека Томпсон ја изневерувал Клои со Џордин Вудс (22) – најдобрата пријателка на помладата сестра на Клои, Кајли Џенер.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi