Клои Кардашијан е бремена, кој е таткото?

14 мај, 20200
клои

Се шпекулира дека Клои Кардашијан и Тристан Томпсон го очекуваат второто дете, додека се заедно во изолација со ќерката Тру.

Наводно двојката очекува девојче, бидејќи на своите пријатели им испратиле розеви подароци без причина, а во последно време Клои ги сече фотографиите објавени на социјалните мрежи, покажувајќи се само до градите.

Оваа бременост и не е големо изненадување бидејки Клои веќе имала замрзнато јајце клетки за второто дете.

Она што е изненадување е информацијата за таткото на бебето. Таа и Тристан раскинале по скандалите во кои тој ја изневерувал неколку пати. Тристан потоа се трудел на многу начини да ја врати Клои назад, но се чини дека обидите биле безуспешни.

Веста дека Клои и Тристан очекуваат уште едно дете, многумина ја сметаат за срамна, со оглед на јавните скандали од претходно.

Ниту Клои, ниту Тристан ја потврдиле веста, ниту пак ја демантирале.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *