Клои Кардашијан објави фотографија во костим за капење, фановите забележале нешто чудно
КЛОИ КАРДАШИЈАН ја откри својата нова линија на костими за капење, а во една од нив е облечена и на фотографијата што ја објави на својот Инстаграм профил. Клои позираше како лежи во едноделен црн костум на маса. Фотографијата доби над 800.000 лајкови, а фановите се воодушевени од нејзиниот изглед.
Имаше и такви кои забележаа нешто чудно на фотографијата. „Долниот дел на телото не изгледа како што треба“; „Долниот дел на телото изгледа чудно“, „Прво лицето, а сега телото изгледа поинаку“, „Таа изгледа послабо од нејзините сестри кои се модели“, напишале во коментарите. Патем, Клои неодамна се пофали дека скоро ја достигнала својата идеална тежина. “Сега сум близу до мојата цел. Тежам околу 68 килограми и сакам да достигнам 63 килограми. Сонувам за тоа”, рече Кардашијан.