Клучни седум дена: Се вратија од патувањето за смирување, изразите на лицата не даваат многу надеж дека сè е добро меѓу нив

10 август, 20200
Annotation 2020-08-10 003424

Ким Кардашијан и Канје Вест се вратија од одморот на кој отидоа да работат на нивниот брак, а сите зборуваат за тоа како славната двојка е пред развод.

Реакити ѕвездата Ким Кардашијан се обидува да го спаси бракот со раперот Канје Вест, а славната двојка беше на одмор во Доминиканската Република за да работи на тоа. Фотографите ги фатиле Канје и Ким со своите четири деца како се оддалечуваат од приватниот авион во Мајами, откако седум дена беа на семеен одмор.

Ким излезе од авионот со сериозно лице, а таа и нејзиниот сопруг веднаш тргнаа на следното патување, во Колорадо. Според извори блиски на парот, Канје и Ким решиле да патуваат заедно за да имаат што е можно поголема приватност, пишува Дејли Меил.

Раперот ги остави сите во шок пред неколку дена за време на неговите говори во претседателската кампања. Тој прво на социјалните медиуми напиша дека сака развод од Ким, а потоа се виделе како се расправаат, по што таа плачела. Тој исто така рече дека славната Кардашијанка требало да ја абортира нивната ќерка Норт, но на крајот тие се предомислиле. Тој жали за сè, но бракот сè уште им виси на конец.

Нивните пријатели велат дека Ким е уморна од сè што поминала со нејзиниот сопруг и повеќе не може да се справи со неговите епизоди на биполарно растројство. Ким и Канје се во брак од 2014 година, а заедно ги имаат ќерките Норт (7) и Чикаго (2) и синовите Сент (4) и Псалм (1).

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi