Клуни, Нејмар и Бред Пит не им одолеаа! Овие Хрватици ги збудалеа светските фаци

25 август, 2020
47d89c24632daebfb96e

Веста за новата љубов на планетарно популарниот фудбалер Нејмар и атрактивната Наталија Барулич, која има хрватски корени, одекна како бомба во светските медиуми.

Многу пати сме слушнале епитети за хрватските девојки, а се чини дека најпознатите фаци на светот имаа најдобри пофалби. Покрај легендарниот фудбалер Нејмар да Силва Сантос Јаниора, на хрцатските убавици полудеа и холивудските актери Џорџ Клуни и Бред Пит, како и ѕвездата на НБА, Кристап Порзингис. Една од нив успеа да излуди дури две светски ѕвезди, Џорџ Клуни и принцот Ендру, син на британската кралица Елизабета Втора.

Имено, станува збор за денешната 40-годишна Моника Јакишиќ од Осијек, која со семејството замина во Лондон во 1991 година и таму стана баран модел. Моника стана позната во 2007 година, кога беше фатена од папараци на јахтата на холивудскиот заводник Џорџ Клуни во Сент Тропе, а на јахтата со нив беа Синди Крафорд и нејзиниот сопруг Ранде Гербе. Според американските списанија, Клуни ја измамил тогашната девојка, актерката Стејси Кејблер, со убавата Моника. Извори тогаш тврдеа дека ги гледале шармерот и манекенката во Лондон на вечери.

„Тие се држеа за раце и ич не се грижеа дали некој ќе ги види. Тој отворено покажа дека му се допаѓа Моника “, тврдат изворите. Уште следната година, Стејси и Џорџ се распаднаа, и дали причината е токму неговото неверство никогаш не било докажано. Пред четири години, овој модел повторно заврши на насловните страни кога се пишуваше дека го освоила срцето на принцот Ендру. Тие за прв пат биле видени заедно на неговиот роденден, 19 февруари, кога го прославиле во луксузниот ресторан во Лондон Cecconi’s, каде што гостите можеле да го видат војводата од Јорк – како се смее и ја бакнува на раката. Следеа уште две интимни вечери за само неколку дена, а извори тврдеа дека уживаат во друштвото, додека еден пријател тврдеше дека изгледаат како „гулаби“.

Веста за новата љубовта на планетарно популарниот фудбалер Нејмар и атрактивната Наталија Барулич, која има хрватски корени, одекна како бомба во светските медиуми. 27-годишната жена стана позната по својата поранешна врска со уште едно познато лице, музичарот Малума, а гласините започнаа кон крајот на минатата година кога папараците видоа дека Наталија извесно време го следи Нејмар на натпреварите во Paris Saint-Germain за кој игра, и огнено навива од трибините. Таа повеќе пати објавуваше заеднички фотографии од неговиот роденден, но и од Париз, каде игра Нејмар. Сè остана на гласините додека гулабите решија да им стават крај во мај оваа година и да ја откријат својата љубов со тоа што позираа за насловната страница на руското издание на магазинот „GQ“. Наталија го сподели на својот Инстаграм споредувајќи се себеси и Нејмар со познатата љубовна двојка Бони и Клајд. Многумина останаа во шок, но без сомнение – хрватските корени го заведоа Бразилецот. Патем, Наталија се занимава со манекенство, танцување, таа е поранешна балерина, а во слободно време е и диџеј. Во моментов живее во Америка, нејзината мајка е Кубанка, а нејзиниот татко е Хрват.

Бомбастичниот наслов од познатиот американски таблоид во септември 2016 година брзо стигна до Хрватска, а причината е само уште една од убавиците. Имено, списанието тврдеше дека, непосредно пред разводот на холивудскиот убавец Бред Пит од Анџелина Џоли, актерот спиел со фатална хрватска жена која многу личи на неа, а таа работела во одморалиште каде што Бред престојуваше кога го посети Шибеник. Неколку дена пред објавувањето за неговиот развод, Бред дошол во Шибеник за да ја погледне земјата на која треба да се изградат луксузни вили, а Американците веднаш во хотелот пронашле љубовница, пишувајќи дека фрлилл око на убава бринета од хотелот. Таблоидот исто така тврдеше дека девојката, која е вработена во одморалиштето, им се фалела на пријателите дека спиела со Бред, а наводно позирала со него на неколку фотографии. Но, таа приказна никогаш не беше потврдена, така што не ги надмина гласините што завршија на насловната страница.

Исто така, пред три години, Ѕвездата на НБА, 25-годишниот Кристап Порзингис, се обиде да маѓепса една млада хрватска убавица, тогаш 21-годишната Инес Никиќ, со неговиот статус во НБА-лигата. Како и славниот Роналдо кој ја заследи Ивана Мацановиќ од Бања Лука и се обидуваше да воспостави контакт со неа, така се случи и поранешниот кошаркар на Њу Јорк Никс, а денес Далас Маверикс ја заследи Инес, но таа брзо му вратила со фотографија со своето момче, со порака: ‘Спиеш ли мирно, Порзингс Кристапсу? ‘.