Кога е прифатливо да се започне со пиење во карантин?

2 мај, 20200
пиење

Во најголем дел, светот се води под непишаното правило „пет попладне кога повеќето луѓе ќе завршат со работа“. Можеби тоа е само остаток од Индустриската револуција кога не сакаа пијаните работници да бидат без прсти, а можеби е сосема во ред да се опуштите после работното време со чаша од вашиот омилен пијалок. Но, бидејќи и канцеларијата и кафеаната се во нашиот дом – 5 часот го изгуби своето значење.

Социјалните мрежи и полупразните полици во продавниците, секако, укажуваат дека пиењето алкохол е еден од најпопуларните начини на поминување времето во карантин.

Но, карантинот, се разбира, не е ист за секого. Некој е е во изолација сам, некој со цимери, некој со родители, друг со девојка или сопруга и деца. Некои сè уште одат на работа, други работат од дома, други воопшто не работат – па затоа е тешко да се постави универзално правило. Во време кога не знаеме какво време е, или кој ден е – дали е важно кога правиме нешто?

Но, за да не излеземе од карантин со уште посериозен проблем со кој доиваме вишок килограми, алкохолот мора да се консумира одговорно, а тоа вклучува да знаете кога да го ставите првиот пијалок. Без разлика дали сакате да го признаете тоа или не (почесто не), на човекот му е потребна структура во животот и безбеднос што ја наоѓаме во правилата.

Токму поради оваа причина, најпаметното решение, велат психолозите,  е да се задржиме што е можно поблизу до рутината како што ја имавме пред карантинот, а тоа го вклучува и прашањето за консумирање алкохол. Ако инаку знаевте да пиете евентуално во петок после работа за да се опуштите (или да се наградите себеси) после работната недела – истото правете го и во карантин. Ако почнете да пиете во текот на неделата (што не сте правиле порано), само затоа што сте дома, може да создадете само лоши навики со кои ќе биде тешко да се справите подоцна.

Да си направите маргарита пред пладне може да звучи забавно и возбудливо во овие здодевни денови, но сите знаеме како да завршува приказната „само една“.„Пет попладне“ и понатаму останува „пет попладне“ .

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi